Македонија

„Бимилк“ ги награди своите најдобри фармери

05 Jun 2018
„Бимилк" го одбележа Светскиот ден на млекото со настанот „Денот на фармери рекордери" каде беа доделени награди за најуспешните кооперанти на млекарницата за 2017 година, во повеќе категории.
Кооперантите беа наградени за испорака на најголема количество млеко за комерцијални и за семејни фарми, за најдобар микробиолошки и хемиски квалитет на млекото, како и специјални признанија за најстарите и најлојални фармери на „Бимилк".
 
Настанот беше организиран во насока на потврдување на долгорочната грижа која млекарницата ја негува во повеќе значајни сегменти, а тоа се традицијата, квалитетот, заедницата и домашната суровина, како основа на севкупното делување на компанијата. „Бимилк" соработува со повеќе од 1.400 фармери од цела Македонија, а годишниот откуп е околу 40 милиони литри млеко.
 
Како најголем млекопроизводител во земјава, но и компанија со традиција од повеќе од 65 години, несомнено, успеваме да испорачаме производ со врвен квалитет, а токму квалитетот на нашите производи е тој што ја оправдува и секојдневната доверба на повеќе од милион задоволни корисници и ја одржува нашата лидерска позиција на пазарот. Меѓутоа, пред сè и над сè, нашата успешност во стратегијата се заснова врз градење и негување стабилни и долгорочни партнерски односи токму со нашите кооперанти, истовремено нудејќи им постојана поддршка, совети, едукација и, на крај, но не помалку важно, навремена исплата на откупеното млеко, изјави Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на „Бимилк".

Тој додаде дека со стимулирање на домашното производство на млеко, Македонија би можела да се потпре исклучиво на сопственото производство на квалитетно млеко.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...