Македонија

Македонските вина - меѓу трите најголеми изненадувања на Decanter 2018

30 May 2018

Еден платинест, пет сребрени и дванаесет бронзени медали освоија македонските вина на годинашниот светски вински натпревар Decanter World Wine Awards 2018 што се одржа деновиве во Лондон, Велика Британија.

Во конкуренција од 17.000 вина од најпознатите вински региони во светот, стручното жири од 250 вински експерти награди вкупно 18 вина од шест македонски винарници и од словенечко-македонската линија на винарницата Puklavec Familly Wines од Словенија, а девет вина го добија признанието „препорачано".

Ѕвездата помеѓу наградените е црвеното вино Barovo (2015) на „Тиквеш" од Кавадарци, кое беше одликувано со платинест медал.

Успехот на Barovo, во финалниот извештај од натпреварот, ја смести Македонија помеѓу трите вински земји во светот кои се издвојуваат како најголеми изненадувања на годинашниот натпревар, заедно со Чешка и Грузија.

Во продолжение, ви ја пренесуваме комплетната листа на наградени вина од Македонија:

 платинест медал

 Тиквеш - Barovo (2015) - црвено

 сребрен медал

 Бовин - A'gupka (2012) - црвено

Бовин - Daron Superior (2014) - црвено

 Тиквеш - Alexandria Cuvée (2016) - црвено

Тиквеш - T'ga za jug Vranec (2016) - црвено

 Венец - Temjanika (2017) - бело

 бронзен медал

 Бовин - Venus (2015) - црвено

Камник - Terroir Vranec Grand Reserva (2015)

Стоби - Rkaciteli (2016) - бело

Стоби - Verdot (2013) - црвено

Тиквеш - Alexandria Rosé (2017) - розево

Тиквеш - Temjanika Classic (2017) - бело

Тиквеш - Chardonnay Oak edition (2017) - бело

Тиквеш - Plavec Special Selection (2016) - црвено

Тиквеш - Cabernet Franc Special Selection (2017) - црвено

Тиквеш - Vranec Special Selection (2016) - црвено

Венец - Disan Riesling (2017) - бело

 Puklavec Family & Friends - Puklavec&Friends Cabernet Sauvignon (2016) - црвено

 препорачани

 Бовин - Era (2012) - црвено

Бовин - Symphony (2016) - бело

Стоби - Acacia (2016) - бело

Стоби - Aminta (2015) - црвено

Стоби - Veritas (2015) - црвено

Тиквеш - Barovo (2017) - бело

Тиквеш - Bela Voda (2017) - бело

Тиквеш - Sauvignon Blanc Special Selection (2017) - бело

Тиквеш - Viognier Special Selection (2017) - бело

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...