Македонија

„Фајнанс тинк“: Пазарната моќ на малите трговци на зелените пазари е ограничена

12 Mar 2025

Во декември 2024 година, цените на зеленчукот во Северна Македонија беа 52,1% повисоки од просекот во 2021 година, додека цените на овошјето за 24,3%, се вели најновата анализа од Институот за економски истражувања и политики, „Фајнанс тинк“ која се однесува на маржите на овошјето и зеленчукот на зелените пазари.

Овие порасти се случија во време на општ ценовен пораст најпрво предизвикан од глобалните тектонски поместувања на пазарите на храна и енергија, а потоа и од неколку домашни фактори, од кои однесувањето на трговците во последната година се смета за особено значаен фактор. Јавната дебата досега главно беше насочена кон супермаркетите и големите малопродажни синџири, но остана отворено прашањето: дали малите трговци на зелените пазари, како значаен дел од синџирот на снабдување, исто така придонесуваат за овие ценовни притисоци преку зголемување на маржите на овошјето и зеленчукот, соопштуваат од „Фајнанс тинк“

Анализа  Институтот покажува дека пазарната моќ на малите трговци на зелените пазари е ограничена, а ценовните притисоци кои доаѓаат од големопродажбата не се пренесуваат целосно на крајните потрошувачи.

Ова веројатно се должи на високото ниво на конкуренција на зелените пазари, каде што функционираат многу индивидуални продавачи со ограничена способност да диктираат цени. Покрај тоа, зелените пазари се карактеризираат со ниски влезни бариери за нови трговци, што овозможува поголема динамичност и ценовна флексибилност. Исто така, потрошувачите имаат можност за директна споредба на цените, што врши дополнителен притисок врз продавачите да останат конкурентни. Наместо тоа, трговците често апсорбираат дел од трошочниот притисок што  доаѓа од големопродажбата преку намалување на нивните маржи, што дополнително го засилува аргументот за висока конкуренција, стои во соопштението на „Фајнанс тинк“

Спред тоа, од Институот посочуваат дека дека зелените пазари не се значаен извор на дополнителен инфлациски притисок и дека вниманието на креаторите на политики треба да биде насочено кон други сегменти на пазарот на коишто се продава овошје и зеленчук – малопродажните маркети и откупните пунктови (земјоделец – големопродажба), каде што можеби постои поголема концентрација на пазарна моќ и потенцијално поагресивно однесување на учесниците во синџирот на снабдување.

 

Целосната анализа може да се види на следниот тука. 

 

Извор: „Фајнанс тинк“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...