Македонија

„Бовин“ се закити со медали на престижниот вински натпревар „Мундус Вини“.

06 Mar 2025

Вината на „Бовин“ се најнаградуваните на 35. реномиран интернационален вински натпревар „Мундус Вини“, кој се одржува во Германија, а винаријата „Бовин“ е прогласена за најдобра во Македонија.

Во конкуренција со вина од целиот свет, вината на „Бовин“ освоија 6 златни и 7 сребрени медали – огромен успех и потврда за нивниот светски квалитет.

Златни медали освоија следниве вина: Bovin Elix 2016 (сорта Темпраниљо), Dissan 2019, Вранец „2015 My Way“, Bovin Era 2015, Emotion 2021 (сорта Шираз), Bovin Ana Marija Rose 2024 (розе), Сребрени медали освоија: Imperator 2023, Emotion 2012 (сорта Шираз), Pinot Noir 2024, Symphony Cuvee 2024, Euphoria Cuvee 2024, Merlot Barrique 2021, Bovin A’gupka 2015.

  Горди сме на овој успех, бидејќи претставува потврда дека континуирано создаваме висококвалитетни вина направени за уживање, изјавија од „Бовин“. „Особено сме задоволни бидејќи признанието доаѓа од „Муднс Вини“ – еден од најпрестижните вински натпревари во светот, каде што се натпреваруваат над 12.000 вина од водечки вински земји.“

Оваа година вината се оценуваа според 20 критериуми, вклучувајќи ја категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус. Оценувањето се вршеше во согласност со стандардите на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната унија на енолози (UIOE).

Меѓународното жири го сочинуваат 300 вински експерти – енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од различни земји, кои неколку дена дегустираат, евалуираат и оценуваат вина „на слепо“. Натпреварот вклучува вина од познати вински региони како Чиле, САД, Франција, Австралија, Аргентина и многу други.

„Муднс Вини“ е основан од Меингер Верлаг и е еден од најзначајните вински натпревари во светот. Неговата цел е да го промовира квалитетот на виното и да им овозможи на производителите, лозарите, увозниците и потрошувачите да учествуваат на интернационален форум, каде што ќе можат да ги споредат своите вина и да добијат вредно признание за својот труд.

 

Извор/Фото: „Бовин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...