Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од денеска ќе започнат ригорозни контроли во маркети и во други трговски објекти.
Мицкоски соопшти дека имал координација со министерот за економија и труд, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и директорот на Државниот пазарен инспекторат.
Договоривме чекори кои ќе се случат, почнувајќи од денеска. На вчeрашната прес-конференција од ваши колеги беа потенцирани два ланца маркети кои можеби прават одредени изигрувања на законите и процедурите. Денеска тие ќе подлежат на ригорзна контрола и во деновите што следат. Според информациите со кои располагаме, имаме отприлика околу 20 000 коминтенти по ланец суперакети и ќе треба длабоко да се навлезе за да видиме дали постојат вакви индиции. Но, истовремено и други трговски објекти ќе подлежат на ваков тип контроли зашто стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме се како Влада за да го заштитиме, истакна Мицкоски.
Во зголемувањето на цените кај одредени маркети, Владата, рече премиерот, гледа напад врз стандардот на граѓаните. Вчера Мицкоски го поддржа најавениот бојкот од на маркетите кој е најавен за в петок, потенцирајќи дека „од почеток зборува за поединци во овој бизнис кои шпекулативно сакаат да профитираат“.
Извор: 24.мк
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.