Повеќе од 500 вина од 70 винарници од Македонија и странство ќе бидат изложени на најновото издание на „Винодонија“, кое ќе се одржи на 13 и 14 декември во хотелот „Мериот“ во Скопје.
Како што соопштуваат организаторите, овој настан има цел да ја подигне винската свест, да ги зближи љубителите на виното со најдобрите производители и да ја поттикне културата на вино кај македонските потрошувачи.
Освен големиот избор на вина, на „Винодонија“ годинава ќе бидат и повеќе од 15 изложувачи, кои ќе презентираат деликатеси што се надополнуваат со овој пијалак.
Според Дејан Донев, проект-менаџер на „Винодонија“, оваа манифестација е платформа за винарниците да се претстават пред винската публика, која вклучува гости од хорека-секторот, угостители и љубители на виното. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат и на едукативни активности - седум мастер-класови и работилници водени од светски и домашни вински експерти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.