Според оценката на потрошувачите „Веро“е најмодерниот маркет во земјава, потврди најновото истражување „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024 година“ што го спроведува агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“.
Од добиените резултати, 31% од потрошувачите во земјава се изјасниле дека „Веро“ е најмодерен маркет во конкуренција на сите домашни и интернационални синџири маркети.
Оваа позиција е од особена важност бидејќи и стратегијата на „Веро“ е привлекување на потрошувачите преку понуда на широк асортиман и потрошувачко искуство. Секоја група на потрошувачи има сопствени специфики и очекувања која што треба да биде пресретната од домашните маркети, a континуитетот укажува на постојано пресретнување на тие очекувања – пишува во заклучокот од истражувањето.
„Веро“ во своето портфолио денес има 14 најмодерни маркети во четири градови во земјава – Скопје, Тетово, Битола и Куманово. Овој синџир маркети во следниот период ќе се прошири и во два нови градови, Струмица и Гевгелија, а планиранo е модернизирање на дел од постоечките маркети.
Детални информации за истражувањето можете да видите на линкот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.