Македонија

„Алкалоид“ вложува во истражувачко-развојна компанија во Јужна Кореја

04 Oct 2024

„Алкалоид АД“ Скопје како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее да биде присутен во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива цена. Покрај вообичаените генерички лекови, „Алкалоид АД“  Скопје има стратешка цел да настапи на пазарот и со биослични лекови.

За навреме да настапи во овој растечки бизнис-сегмент во фармацевтската индустрија, „Алкалоид АД“, преку докапитализација на своето новоформирано друштво „Алкалоид пхарма интернешнл“од Хрватска, се одлучи за вложување преку купување малцински удел во јужнокорејската компанијата „Ропхилбио“. Преку ова вложување во Јужна Кореја, во противвредност од 1 милион американски долари, „Алкалоид АД“, покрај сопственичкиот удел во компанијата, ќе добие и право на првенство при лиценцирање на производите за регионите во кои има свои операции.

Земајќи го предвид потенцијалот на пазарот, како и искуството на тимот кој ја предводи компанијата „Ропхибио“, „Алкалоид АД“ донесе одлука за инвестиција во оваа истражувачко-развојна компанија, која во моментов е во напредна фаза на развој на биослични лекови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...