Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе се зголемат цените на бензините еуросупер БС – 95 и еуросупер БС – 98 за 1,50 денари по литар.
Од комисијата соопштуваат дека за 0,5 денари ќе се зголемат и цените на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство.
Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 75 денари, на еуросупер БС – 98 ќе биде 77 денари, а на еуродизелот цената ќе изенсува 67,50 денари.
Маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 66,50 денари. За 0,499 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,827 денари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.