„Жито Лукс“ го прошири своето портфолио на тост лебови со новиот леб со кисело тесто.
Овој леб е инспириран од традиционалниот начин на правење на леб, а вкусот е избалансиран така што може да се комбинира со различни намази за појадок, сендвич за вечера, но и како додаток на секое главно јадење. Разновидните можности за комбинирање и консумација на овој производ го прават атрактивен за секој сладокусец кој сака да експериментира во својата кујна. Поради неговата леснотија претставува идеален леб за сите оние кои имаат проблем со варење на храната или преферираат лесни оброци. Во производниот процес, лебот подлежи на пастеризација која овозможува долготрајна консумација од 30 дена без додавање конзерванси, соопштуваат од „Жито Лукс“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.