Македонија

Потпишан договор за инвестирање на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ

29 Apr 2024

Инвестиција од сто милиони евра, која во временска рамка од десет години треба да отвори илјада работни места, е договорена со турски „Шахтерм“. Договорот е потпишан помеѓу менаџерот на компанијата од Бурса, Фарук Шахин, и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Реализацијата на новата турска инвестиција во Македонија предвидува закуп на повеќе од 20 илјади метри квадратни во ТИРЗ Скопје 2, каде што ќе се изгради објект кој ќе зафаќа површина од над 13 илјади квадрати. Тоа ќе биде и првата од двете фази на инвестицијата.

Ова следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, стои во објавата на „ТИРЗ“

„Шахтерм“ зад себе има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. На глобално ниво се вбројува меѓу петте водечки компании во оваа дејност.

Извор/Фото: „ТИРЗ“/Facebook



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...