Со нови бои, ново лого и нов, модерен дизајн на сите пакувања, „Жито Лукс“ го претстави својот нов визуелен идентитет.
Унапредувањето на постоечкиот изглед на брендот e одлука на компанијата направена по низа испитувања на мислењето на потрошувачите и нивната перцепција за брендот, соопштуваат од „Жито Лукс“
Огромен е предизвикот да се направи промена, посебно кога се работи за етаблиран бренд со долга традиција и голем успех на пазарот. Но, времињата со себе носат потреба за промени на сите полиња. Покрај низата инвестиции со кои „Жито Лукс“ во последните неколку години работи на подобрување и унапредување на производниот процес и на квалитетот на производите, беше потребно тие промени да бидат поддржани и со модернизација на сопствениот изглед со што би се зајакнала и перцепцијата на купувачите, посебно на помладите генерации за брендот, изјави генералниот директор на „Жито Лукс“ , Димитрис Плакуцис.
Од компанијата посочуваат дека боите и формите на новото лого ги поврзуваат двата извори на живот, сонцето и лебот, а неговата динамика го отсликува стремежот на компанијата за постојано движење во насока на позитивни мали и големи промени што дополнително ќе овозможат раст, развој и просперитет.
Енергијата што зрачи од новите пакувања има за цел дополнително да го нагласи врвниот квалитет на производите на „Жито Лукс“ како предуслов за создавање задоволни и лојални потрошувачи.
Во сите елементи што го отсликуваат нашиот нов визуелен идентитет сакавме да ја нагласиме симболиката, но и да ја задржиме традицијата што се гради веќе 78 години од многу генерации кои со својата работа и труд успеаја од „Жито Лукс“ да создадат лидер во мелничко-пекарската индустрија, сооптшуваат од компанијата.
Извор/Фото: „Жито Лукс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.