Македонија

„Рамстор“ со уште еден маркет во Аеродром

31 Jan 2024

Во петокот (26 јануари) „Рамстор“ – Македонија го отвори новиот „Рамстор експрес“ во скопската oпштина Аеродром, во близина на основното училиште „Блаже Конески“.

Како што информираат од компанијата, во новоотворениот  и модерно дизајниран маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, леб и пекарски производи, како и повеќе од 2.000 други производи.

Отвoрањето на новиот „Рамстор експрес“ го обележаа бројни промоции, акции, подароци и гратис-производи.

Во „Рамстор експрес“ ветуваме брзо пазарување, позитивно шопинг-искуство и големо портфолио на производи со висок квалитет и одличен избор, изјавија од „Рамстор“ – Македонија, најавувајќи продолжување на  инвестицискиот пораст и развој во земјава, преку нови активности и отворање нови маркети.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...