Прехранбената индустрија „Витаминка“ ја поддржа реализацијата на проектот „Екологија преку иновативна технологија“ на „Ротари клубот“ од Прилеп и на „Пакомак“.
Со поддршка од „Витаминка“, за проектот беа набавени и поставени две повратни вендинг-машини за пластична ПЕТ-амбалажа и лименки во два локални маркети на „Футура“ во Прилеп. Станува збор за селектирање амбалажен отпад, така што граѓаните што ќе го селектираат отпадот за возврат ќе добиваат зелени поени или пари, со кои ќе можат да купуваат во маркетите. Проектот е базиран на светските практики и ќе помогне да се зајакне свеста кај популацијата за потребата од селекција на отпадот.
Двете вендинг-машини имаат капацитет од 450.000 до 500.000 шишиња и лименки на годишно ниво. Едната е набавена од „Ротари клубот“ од Прилеп, „Витаминка“, „Прилепска Пиварница“, „Футура“, „Комфи Ангел“ и „Кули“, а втората е донација од „Пакомак“. Вкупната вредност на проектот надминува 36.000 евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.