Македонија

Од денеска поевтини леб, млеко, месо...означени со „гарантирана цена“

20 Sep 2023

Леб, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи, од денеска во маркетите треба да се продаваат по цени за околу 10 отсто пониски од оние кои биле на први август. Овие производи задолжително треба да бидат означени со посебна ознака на која пишува„гарантирана цена“.

Според одлуката на Владата, оваа мерка ќе важи до крајот на ноември. Од овие производи во маркетите треба да има околу 70 отсто од количните кои биле во месец август. Доколку не се почитуваат правилата на оваа мерка освен парична казна ќе следува и затворање на маркетите од страна на Државниот пазарен инспекторат, предупреди вчера министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој апелираше до граѓаните да пријавуваат нерегуларности доколку забележат дека во некој маркет цените не се корегирани.

Кога зборуваме за белиот леб, зборуваме за сите видови од сите комапнии од сите производители на бел леб, кога зборуваме за млеко зборуваме за сите производи на млеко од сите производители, дали е домашно производство, дали се увезува како категорија на млеко со одредена масленост за сите кои се на македонскиот пазар. Бројката може да биде и над 500 производи. Не ја знам точно бројката на производи што ќе поевтинат, кажа Бектеши. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...