Трошоците за животот во август годинава во споредба со претходниот месец се зголемени за 1,2%, а цените на мало за 1,3%. Во споредба со ланскиот август трошоците за живот бележат пораст од 8,3%, а цените на мало од 5,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, пораст на индексите на трошоците за животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,8%; свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, за 7%; сирењето и урдата за 3,2%; млекото за 2,6%; лебот и житата за 1,6%; месото за 0,9%; кафето, чајот, какаото за 0,8%; минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,6%; шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,4%; пивото за 0,3% и другите неспомнати прехранбени производи за 0,2%.
Намалување на индексите на трошоците за животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 0,7%; маслото и маснотиите за 0,5%; јајцата и виното за 0,4%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.