Вчера (30 август) беа отворени вратите на новиот „Стокомак“ во Свети Николе.
Новиот маркет, кој е првиот продажен објект на „Стокомак“ во овој град, се наоѓа на улицата Ангел Трајчев, бр. Б1-17/1. Се простира на површина од 500 квадратни метри и има обезбеден сопствен паркинг-простор.
Како што соопштуваат од компанијата, новиот маркет нуди пријатна атмосфера за пазарување, богат избор на висококвалитетни производи по ниски цени и услужлив персонал.
Проширувањето на нашата малопродажна мрежа е одговор на барањата на потрошувачите за купување на основни намирници што поблиску до нивните домови. Огромна благодарност до сите вработени што се дел од оваа макотрпна и успешна приказна, особено до тие што се инволвирани уште од нашите почетоци, изјавија од „Стокомак“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.