Македонија

Нов „Вива фреш“ во Бутел

28 Jul 2023

Денеска (28 јули) беше отворен новиот „Вива фреш“ (Viva Fresh Store), на адреса Груица Војвода, бр. 2 општина Бутел, Скопје.

Ова е вториот „Вива фреш“ во главниот град, односно 61 маркет во мрежата на косовскиот синџир маркети, откако минатата година го презеде штипскиот синџир „Кит-Го“.

Вкупната површина на новиот маркет изнесува 934 квадратни метри. Потрошувачите се услужуват на 4 наплатни каси, а за услугата се грижи персонал од 25 вработени.

Како што известуваат од „Вива фреш“, освен стандарднитe стоки за широка потрошувачка (пијалаци, кондиторски производи, деликатеси, млечна програма, козметика, средства за хигиена, средстава за чистење на домот итн.), асортиманот го сочинуваат и свежо месо и риба, печени пилиња, свежо овошје и зеленчук, печени пекарски производи и готвена храна, како и текстил, сезонски артикли (костими за капење, крпи и шешири за плажа...), апарати за домаќинството, садови и алатки за во кујна, алатки и машини за во двор, целосна градинарска програма и сл.

Од „Вива фреш“ изјавија дека следниот маркет ќе биде отворен во август во Штип.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...