Македонија

Рекордни 432 апликации на компании по Законот за финансиска поддршка на инвестиции

25 Jul 2023

Владата ја одобри втората група договори на компании за државна поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Оваа година има рекордни 432 апликации за нови инвестициски проекти на исто толку компании, соопшти владината прес - служба.

На владината седница беше одобрена втората група од 90 договори (првата беше со 87 компании), додека останатите се во процес на евалуација и во следните недели ќе бидат завршени.

Овие 90 компании, само во првата инвестициска 2022 година имаат отворено 556 нови работни места, а до крајот на инвестициските циклуси, само овие 90 компании ќе отворат 1822 нови работни места. Инвестициите кои овие компании ги прават се исклучително важни во овој период на закрепнување од кризата. Нивните инвестиции укажуваат на агилноста и отпорноста на компаниите, како и можностите во нашата домашна економија, велат од Владата. 

90 - те компании во првата инвестициска 2022 година инвестирале 48,11 милиони евра а до крајот на инвестициските циклуси ќе инвестираат 122,76 милиони евра.

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во изминатите шест години, од неговото воведување во 2017 година, склучени се договори за поддршка со 630 компании, кои се опслужуваат од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, како one – stop shop.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...