Македонија

Бесими: Данокот на солидарност е еднократен данок

11 Jul 2023

Предлог на законот за данокот на солидарност, измените и дополнувањата на законите за данок на додадена вредност и на добивка денеска повторно ќе се најдат на владина седница, по што ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце, потврди синоќа министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за ТВ 24.

Ние данокот на солидарност го воведовме дополнително, но не како дел од даночната реформа, туку дополнително затоа што се работи за еднократен данок, што ќе важи само еднаш. Се следи примерот на некои земји во ЕУ. И препорака беше за земјите членки во ЕУ,  како што е Велика Британија сега не е во ЕУ, но тој пример го користи Украина, Италија, Хрватска и други земји што применија таков закон и ние по широка дебата и дискусија дадовме таков предлог, рече Бесими.

Другите два закони, како што додаде, беа дел од даночната реформа. Бесими објасни зошто биле повлечени овие три закони од Собранието. Ние минатата недела преку Влада побаравме да се повлечат овие три закони, затоа што реков од ноември стојат во Собрание, воопшто не е отворена дискусија на Комисијата за финансирање на буџет и веќе беа планирани како ќе се рефлектираат во Буџетот, рече министерот за финансии додавајќи дека нив ги има и во сите директиви, во препораките на ЕК и во сите официјални документи.

Извор: МИА



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...