Македонија

Нов „Супер Кит-Го“ во Гевгелија

07 Jul 2023

На крајот од минатиот месец (28 јуни) беше отворен новиот „Супер Кит-Го“ во Гевгелија, кој се наоѓа на улицата Борис Кидриќ, бр. 13А.

Вкупната површина на новиот маркет изнесува 1.234 квадратни метри. Потрошувачите се услужуват на 4 наплатни каси, а за услугата се грижи персонал од 30 вработени.

Како што известуваат од „Кит-Го“, освен стандарднитe стоки за широка потрошувачка (пијалаци, кондиторски производи, деликатеси, млечна програма, козметика, средства за хигиена, средстава за чистење на домот итн.), асортиманот го сочинуваат и свежо месо и риба, печени пилиња, свежо овошје и зеленчук, печени пекарски производи, текстил, сезонски артикли (костими за капење, крпи и шешири за плажа...), апарати за домаќинството, садови и алатки за во кујна, алатки и машини за во двор, целосна градинарска програма и сл.

Ова е 58. маркет на „Кит-Го“, во земјава. Претходниот „Супер Кит-Го“ беше отворен на 14 јуни во Струмица, на улицата Климент Охридски, бр. 45Ѓ, а како што откриваат за InStore, следниот ќе биде отворен во Делчево.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...