Македонија

Просечната нето-плата во април беше 36.134 денари

20 Jun 2023

Просечната нето плата во април изнесуваше 36. 134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти).

Зголемување во однос на претходниот месец е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 проценти), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 проценти) и административни и помошни услужни дејности (12,5 проценти).

Просечната бруто-плата изнесува 54 177 денари.

Извор: МИА 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...