Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања од програмата за 2023 година, по обработлива земјоделска површина за сите полјоделски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун.
Како корисници на овие субвенции се јавуваат земјоделски стопанства кои во произведната 2022/2023 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), како и површини засеани или одржувани со луцерка, лековити, ароматични и зачински растенија.
Минималната засеана површина збирно за сите култури која земјоделските стопанства треба да ја имаат е 0,5 ха во 2022/2023 година. Висината на директните плаќања кај оваа мерка за сите наведени култури изнасува 6.000 денари по хектар.
Земјоделските стопанства кои во произведната 2022/2023 имаат заесани и ожнeани површини од листата на знајачни култури пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка и притоа имаат употребено сертифициаран семенски материјал остваруваат право на дополнителна субвенциија. Право на дополнителни субвенции имаат и стопанствата кој имаат засеани површини под ориз без употреба на сетрифициран семенски материјал.
Висината на дополнителната субвенција за пченица, јачмен и пченка изнесува 7.000 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар, со исклучок на производството за био маса наменето за гасни биоцентарали каде дополнителна поддршка не се плаќа.
Кај сончогледот и маслодајната репка висината на дополнителните плаќања изнесува 4.500 денари по хектар со употреба на сертифииран семенски материјал. Додека пак за оризот висината на дополнителните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал.
Крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.