Заврши акцијата на компанијата „Подравка“ и брендот Vegeta насловена „Донираме и училишни кујни реновираме“, при што секој купувач кој купи Vegeta во сино пакување за времетарење на акцијата, одвојуваше по 5 денари за ренивирање на училишните кујни.
Кујнските апарати кои беа купени од собраните средства од страна на „Подравка“ и граѓаните кои учествуваа во донаторската акција беа предадени во средното угостителско училиште СУГС „Лазар Танев“, Скопје.
Vegeta ги носи најдобрите вкусови на нашите трпези повеќе од шеесет години. Природен чекор е да се придонесе во процесот на школување учениците со висококвалитетна опрема за подготовка на храна. Учениците имаат целосно право на современи услови на школување и убави училишни спомени, а на нас, како на општествено одговорна компанија, ни останува да им го овозможиме тоа. Со задоволство му помогнавме на средното угостителско училиште „Лазар Танев“, Скопје да ги опремат кујните и трпезариите со кујнски апарати по сите светски стандарди, кои ќе им послужат на многу генерации професионални готвачи кои се школуваат во ова училиште, изјави Ивица Саралиевски, генерален директор на „Подравка Македонија“.
Сличен тип на донаторски акции на брендот Вегета истовремено се спроведуваа во Македонија и во сите земји од Адриа регионот, а Подравка како општествено одговорна компанија, финансиски и со донации на производи ќе ја продолжи неколку децениската традиција и во иднина.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.