Радош Вукиќевиќ повеќе не е директор на ВВ „Тиквеш“ и член на Управниот одбор, известија од винарницата преку „Македонска берза“.
Одлуката за констатирање престанок на функцијата и отповикување член на Управен одбор и Генерален директор е донесена на седница на 7 јуни.
Претходно, на 29 мај е потпишана спогодба за раскинување на менаџерскиот договор на Вукиќевиќ, пишува во информацијата. До избор на нов генерален директор, овластено лице кое ќе ја застапува „Тиквеш“ ќе биде членот и претседателот на Управниот одбор, Светозар Јаневски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.