Бруто - домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите - градежништво од 12.7 отсто и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во првото тримесечје, номинално расте за 14.8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69 отсто.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа
намалување во номинален износ од 1.4 отсто.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.