Просечната нето плата исплатена во март изнесувала 34.925 денари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во бруто - износ, пак, мартовскиот просек е 52.318 денари.
Според статистиката, растот произлегува од зголемувањето на просечната нето - плата во секторите градежништво (19,8%), образование (15.0%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9%). Споредено со претходниот месец, просекот на нето-платите е повисок во секторите рударство и вадење на камен (14,6%), преработувачка индустрија (6,4%) и уметност, забава и рекреација (5,4%).
Што се однесува до трошоците во март, минималната кошничка тогаш се мерела со 50.070 денари. За храна беа потребни 19.263 денари, режиски трошоци 13.417, за превоз минимум 3.679, за хигиена 3.186 денари.
Минималната плата со последните измени изнесува 20.175 денари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.