Трајно намалени цени на над петстотини производи од секојдневната потрошувачка кошничка, најавија од „Жито маркети“ за оваа пролет. Во годината кога овој национален малопродажен синџир слави три и пол децениски јубилеј постоење, една од клучните работи на што ќе посвети посебен фокус, како што велат оттаму, е зацврстување на врските со заедницата низ општествено одговорни акции, каде влегуваат и политиките на креаирање најповолни цени за потрошувачите.
„Барај домашно, купувај најевтино!“ е првата активност која од пред некој ден веќе започна да се реализира во сите продажни објекти на трговецот. Станува збор не само за замрзнување на цените, туку за нивно намалување на подолг рок и тоа на групи на производи и на продукти коишто се најбарани и најкупувани од потрошувачите.
Следејќи ги глобалните економски случувања, но, секако и пазарот и политиките на цените во нашата држава, решивме да внесеме поинаков тренд и во нашето работење, но и во функцонирањето на целиот малопродажен сектор на стоки за широка потрошувачка, а тоа е намалување и замрзнување на цените на голем број намирници што секојдневно се купуваат. Најнапред, тоа се околу 300, за многу бргу да стигнеме до крајната цел – над 500 селектирани производи со уверливо најниска цена на пазарот, велат од менаџментот на „Жито маркети“.
Избраните производи со намалена цена нема да се покачуваат, а во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и на другите ресурси, тие може да останат на исто намалено ниво или да бидат пониски.
Во рамките на одбележувањето на 35 години од своето постоење, од „Жито маркети“ најавуваат уште неколку општествено одговорни проекти што ќе ги спроведува компанијата, особено за најранливите категории граѓани. “Сакај домашно, барај најевтино!” е главниот дел од таа поширока општествена одговорна активност за зацврстување на релациите со заедницата со креирање на најповолна ценовна политика на пазарот.
Од компанијата ги повикуваат и другите економски оператори во малопродажбата да се приклучат кон трендот на перманентно и континуирано намалени цени на клучни производи за секојдневна употреба, на најбраните групи производи од потрошувачката кошничка.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.