Македонија

Влада: Трговците да прибавуваат задолжителни количества овошје и зеленчук

07 Apr 2023

Владата донесе одлука трговците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количествата што ги продале во јануари и февруари.

Оваа одлука, којашто следува по одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.

Заклучено е дека е потребна ваква одлука, како што соопшти предлагачот, Министерството за економија, по координативниот состанок на надлежните институции во врска со предметното прашање.

Одлуката е донесена откако трговците и пазарџиите алармираа дека ги трошат последните залихи овошје и зеленчук и дека магацините од кои набавуваат не им даваат производи по замрзната цена. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...