Македонија

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 33.943 денари

21 Mar 2023

Просечната месечна нето-плата во јануари годинава изнесувала 33.943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,%, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите: транспорт и складирање (23,4 проценти), градежништво (20,9 проценти) и информации и комуникации (17,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на декември 2022 година е забележано во секторите: градежништво (5,1 проценти), преработувачка индустрија (5 проценти) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 50.837 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...