Утре ќе се замрзне цената на оризот и на јајцата, најави министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес конференција во Владата.
Кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.
Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март.
Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот.
Очекуваме цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, кажа Бектеши.
Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.