Македонија

„Кам“ го отвори својот најголем маркет во Куманово

20 Mar 2023

Малопродажниот синџир „Кам“ во саботата (18 март) го отвори новиот маркет во Куманово, лоциран на улицата 7, бр. 32, во рамките на „Алфи техноцентар“.

Новиот маркет се простира на вкупна површина од повеќе од 550 квадратни метри. Продажниот простор зафаќа 420 квадратни метри, од кои речиси 65 квадрати се магацински простор, а преостанатите се помошни и канцелариски простории.

Како што соопштуваат од „Кам“, во рамките на маркетот има и пекарница во која кумановци ќе ги најдат највкусните лебови и печива, свежо печени секој ден. Исто така, за потрошувачите е обезбеден и бесплатен паркинг-простор во рамките на „Алфи техноцентар“.

Продажната мрежа на „Кам“ продолжува да расте – ова е нашиот 78. маркет.  Со асортиман, кој го сочинуваат околу 1.700 артикли од добро познатите производи под приватната трговска марка и познати интернационални брендови, остануваме посветени на целта до сите граѓани да го доближиме високиот квалитет по редовно ниски цени, велат од „Кам“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...