Македонија

„Дием-ГП“ го отвори 20. маркет

17 Mar 2023

Почна со работа новиот маркет „Дием-ГП“ во Свети Николе, лоциран во центарот на градот на Плоштад Илинден, бр. 13, на влезот на градскиот пазар.

Маркетот има површина од 100 квадратни метри и дополнителен магацински простор од 12 квадрати. Во него се застапени околу 2.500 различни производи и покрај стандардниот асортиман, доминираат производите од производствената програма на „Дием-ГП“, приватните трговски марки и производите од увоз. Располага со две наплатни каси, а за услугата кон купувачите се грижи персонал од 3 вработени, со тенденција тимот да се прошири.

Ова е 20. маркет во целата малопродажна мрежа на „Дием-ГП“. Со сигурност ќе продолжиме да ја прошируваме мрежата маркети и доколку сè тече според плановите, следниот маркет очекуваме да биде отворен кон крајот на летото оваа година, при што во игра се неколку локации на Истокот, изјави за InStore Димитар Атанасов, управител на маркетите „Дием-ГП“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...