Брендот Vegeta na „Подравка“ спроведува донаторска акција чија цел е давање поддршка на идните професионални готвачи преку овозможување современи услови за школување.
Акцијата трае од 1 до 31 март. Во овој период, со купување на кое било сино пакување Vegeta Original се донираат по пет денари за опремување на училишната кујна на СУГС „Лазар Танев“ Скопје.
Собраните средства ќе обезбедат училиштето да вдахне нов живот во својата кујна, а учениците да го усовршат кулинарскиот занает, известија организаторите на акцијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.