Во периодот од јануари до декември 2022 година „Витаминка“ оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.
Според образложението за остварените резултати, објавено на Македонска берза остварените единечни вкупни приходи за 2022 година изнесуваат 3.899.389 илјади денари и во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 27%. Во структурата на вкупните приходи 98% учество имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основната дејност, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 26%.
Минатата година, „Витаминка“ реализира вкупни инвестиции во износ од 122.119 илјади денари, главно во купување на опрема, недвижен имот, градежна реконструкција и адаптирање.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.