Асоцијацијата за е - трговија на Македонија синоќа додели 39 награди на најдобрите е- трговци во земјата. Претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангелеска, изрази надеж дека овие награди ќе бидат поттик и мотив за е - трговците да продолжат со нивната работа.
Знам колку значат наградите, но секогаш можеме подобро, истакна Ангелеска. Во категоријата најдобар е – трговец беше избран „Групер“ (Grouper.mk), додека второто место во оваа категорија му припадна на „Пакет“ (paket.mk), а третото на „Фешн груп“ (Fashiongroup.com.mk).
За најдобра новоотворена продавница во 2022 година е прогласена платформата „Корпа“ (korpa.mk).
Наградата за најпопуларна продавница ја освои „Фешн груп“, второто место му припадна на „Пакет“, а третото на онлајн платформата на „Зегин“.
Од државните институции награда доби Управата за јавни приходи.
Од Асоцијацијата истакнуваат дека наградита имаат за цел да ја препознаат вредната работа, иновативноста, тимскиот дух и постојаните напори на домашните е-трговци и да бидат поттик за продолжување со уште подобро темпо во текот на 2023.
Најдобрите е – трговци беа избрани од страна на специјализирана жири комисија, но исто така корисниците имаа можност да го искaжат своето мислење преку гласање во некои од категориите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.