Македонија

Златен медал за вината на „Бовин“ - 2012 My Way и 2020 Platinium Chardonnay

02 Mar 2023

Винарницата „Бовин“ се закити со награди на 32 реномиран интернационален вински натпревар „Мундус вини“ што се одржува во Германија.

Признанието „злато“ винарницата го доби за две вина, вранецот 2012 My Way и белото вино 2020 Platinium Chardonnay во конкуренција на вина од целиот свет. Вината се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната Унија на Енолози (UIOE).

Меѓународното жири е составено од вински експерти од целиот свет, енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од 40 различни земји, кои повеќе дена, на “слепо” дегустираат, евалуираат и оценуваат вина од различни делови на светот, вина од познати вински региони од Австралија, Аргетина, Чиле, САД, Франција и многу други земји.

Златен медал од најпрестижниот вински натпревар во светот е потврда дека и во Македонија можеме да создадеме врвен вински производ, кој може да биде конкурентен на светскиот пазар, па дури и повеќе од тоа. Истовремено е поврда дека винаријата „Бовин“ во континуитет создава високо квалитетни вина направени за уживање. Со квалитетот никогаш не правиме компромис, и тоа ќе биде така и во иднина, соопштија од „Бовин“.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...