Македонија

„Веро“ и „Џамбо“ ќе градат објект во Струмица

16 Feb 2023

Познатите трговски брендови „Веро“ и „Џамбо“ доаѓаат во Струмица, пренесе МИА.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера му го предал одобрението за градба на сопственикот на компанијата „Веропулос“, Николаос Веропулос.

Како што објави струмичкиот градоначалник, инвестицијата изнесува три милиони евра, а ќе се реализира во северниот дел од градот во новопланираната станбена зона, покрај магистралниот пат на излезот од Струмица кон Василево.

Во новиот „Веро“ маркет и продавницата „Џамбо“ ќе се вработат 70 лица, а трговскиот објект со супермаркет ќе има современа архитектонска градба и атрактивен облик на површина од 5.000 метри квадратни.

Со 300 маркети брендот „Веро“ е еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало на Балканот. 

Извор: МИА 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...