Трговскиот синџир „Жито“ го почна февруари со уште едно проширување на мрежата супермаркети.
Новиот „Жито“, на површина од околу 400 квадратни метри, е лоциран на улицата 11 Септември, објект 1, влез 2ПР во Кичево. Претходниот маркет во овој град беше отворен кон крајот на минатата година.
Со задоволство го отвораме третиот по ред маркет во Кичево, што значи дека граѓаните од овој дел на градот ќе имаат поголема можност секојдневно да пазаруваат поблиску до нивниот дом. Асортиманот во нашиот нов маркет е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и нашиот приватен бренд 5ка, велат од менаџментот на „Жито“.
Како што соопштуваат од компанијата, новата продавница располага со простор за свежо овошје и зеленчук, а има три наплатни каси и десет вработени.
Работното време е од понеделник до сабота, од 7:30 до 21:30 часот, а недела е неработен ден.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.