Македонија

Просечната нето - плата за ноември изнесува 33.011 денари

23 Jan 2023

Просечната месечна исплатена нето - плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто - плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето - плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113,3.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето - плата по вработен во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18,7 отсто), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,5 отсто) и административни и помошни услужни дејности (17,3 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето - плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,5 отсто), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,5%) и уметност, забава и рекреација (3,1 отсто).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...