Македонија

ДЗС: Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

17 Jan 2023

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2022 година е понеповолна во однос на претходниот месец, но и во однос на декември 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2022 година изнесува 67,2 процента од нормалното искористување, соопшти Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2022 во однос на ноември 2022 година е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се намалени во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2022 година е намален за 0,3 процентни поени во однос на ноември 2022 година и изнесува 14, додека во однос на декември 2021 година е намален за 0,4 процентни поени.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 21,7 отсто, недоволната странска побарувачка со 16,1, неизвесното економско опкружување со 16 и недоволната домашна побарувачка со 11,9 проценти. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...