Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Нов „Жито“ во скопски Аеродром

05 Dec 2022

Трговскиот синџир „Жито“ отвори нов маркет во Општина Аеродром. Маркетот е лоциран во населбата Мичурин, на улицата Симеон Кавракиров, број 27.

Ова е 62. малопродажен објект на „Жито“ во земјава.

Посветени сме на проширувањето на сопствената продажна мрежа. Имаме задоволство да отвориме уште еден маркет во скопски Аеродром, што значи дека граѓаните од овој дел на главниот град ќе имаат поголема можност секојдневното пазарување да го прават поблиску до нивниот дом, велат од менаџментот на „Жито“.

Како што посочуваат, асортиманот во новиот маркет е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и приватната трговска марка 5ка. Новата продавница располага и со простор за свежо овошје и зеленчук, а воедно има две наплатни каси. За услугата се грижат девет вработени.

Работното време на маркетот е од понеделник до сабота, од 7:30 до 21:30 часот, а недела е неработен ден.

Gallery: Жито - Мичурин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...