Македонија

Сладолед од „Цермат“ е производ на годината за 2023 во Австралија

22 Nov 2022

Сладоледот Vienetta Cols со вкус на солен карамел од производителот„Цермат“ ја доби наградата производ на годината за 2023 во Австралија.

Над 5.000 австралиски купувачи гласаа на годишните награди за производ на годината. Програмата ја препознава иновативноста на производите. 

Користиме најквалитетни суровини од лиценцирани добавувачи кои во комбинација со рецептури подготвени со знаење, креативност и иновативност преку автоматизиран процес на изработка, креираат совршенство на сладолед во секакви форми за сечиј вкус. Производството на сладолед за домашните и за светските пазари се одвива во исклучително строго контролирани услови, придржувајќи се кон сите светски регулативи во секој дел од процесот на производство, пакување и транспортирање, соопштија од „Цермат“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...