Македонија

dm drogerie markt донира над 1.6 милиони денари за подобри услови за родилките

08 Nov 2022

Kомпанијата dm drogerie markt донира повеќе од 1.6 милиони денари во опрема и апарати, како и во подобрување на условите за работа во пет јавни клиники во Македонија меѓу кои се: ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурат” – Гостивар, ЈЗУ Општа болница – Охрид, ЈЗУ Клиничка болница – Штип, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” – Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Со оваа донација компанијата има за цел да даде свој придонес во поддршка на мајчинството и на трудниците, односно да им обезбеди подобри услови во сите фази од бременоста. Опремата и апаратите што се користат во гинеколошките одделенија, а што сега ќе бидат модернизирани со средства од dm, на медицинските лица ќе им помогнат уште поефикасно да го следат целиот тек на бременоста. Помошта за гинеколошките клиники ќе значи и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето. Идејата на компанијата е да придонесе при креирањето услови за пријатна бременост за секоја жена.

Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во која што делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и на здруженија. Годинава го започнавме проектот за обнова и за подобрување на условите во гинеколошко - акушерските оддели на клиниките во Македонија кои се важен дел од здравствениот систем. Во првата фаза од овој проект опфативме пет клиники од кои две во Скопје и по една во Гостивар, Штип и во Охрид. Нашата цел е проектот да го продолжиме во повеќе клиники низ државата. Општествениот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија, велат од dm drogerie markt.

Опремата и апаратите се веќе испорачани и ќе бидат на располагање во петте јавни клиники низ Македонија.

Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донира рекордни 5.3 милиони денари во проекти од најразлични области



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...