Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Нов „Стокомак“ во Кисела Вода

25 окт 2022

Во саботата (22 октомври) трговскиот синџир „Стокомак“ го отвори новиот маркет во Кисела Вода, Скопје.

Новиот „Стокомак“ е лоциран на улицата Мери Бошкова, бр. 97, спроти цементарница „Усје“, на површина од 650 квадратни метри. Во маркетот има 4 наплатни каси, а за услугата се грижат 12 вработени. Пред објектот има обезбедено 40 паркинг-места.

Проширувањето на нашата малопродажна мрежа е одговор на барањата на потрошувачите за купување на основни намирници што поблиску до нивните домови.
Им нудиме пристaп до свежи и висококвалитетни производи по многу атрактивни цени, кои ги доставуваме секојдневно во нашите маркети
, изјавија за InStore од „Стокомак“.

Gallery: Стокомак - Кисела Вода



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...