Одредени компании кои произведуваат основни прехранбени производи имаат за три до четири, па дури и 10 пати поголеми трошоци во импутот електрична енергија. За да се намалат овие трошоци кои се директен импут во крајната цена ние ќе ги ставиме тие дејности на регулираниот пазар, по конкурентна цена на струјата, но со обврска да се намалат цените на основните прехранбени производи, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој кажа дека од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар, со цел намалување на цените на основните прехранбени производи, а со тоа намалување и на стапката на инфлација.
Оваа мерка би важела од 1 декември 2022 година.
Според месечните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), синдикалната минимална кошница за септември достигна 50 224 денари, а инфлацијата според последните пресметки достигна високи 18,7 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), пак, трошоците на животот во септември годинава, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 18,7, а индексот на цените на мало за 14,7 проценти. Во однос на август годинава, пак, трошоците на животот пораснале за 1,6, а цените на мало забележале пад од 0,1 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.