Компанијата за здрава храна „Виталиа“ почна да користи обновливи извори на енергија во процесот на работата и производството. Од август годинава, на ниво на цела компанија е имплементиран нов систем на ладење и греење со геотермални пумпи, а е спроведена и комплетна изолација на сите објекти.
Со ова е обезбедена заштеда од над 80% електрична енергија, која претходно се добивала од конвенционални извори, соопштија од компанијата.
Дополнително со поставувањето на фотоволтаичен систем за генерирање на електрична енергија, 35% од електричната енергија која се користи за производствените процеси, како и за останатите објекти во компанијата ќе биде обезбедена од сопствени фотонапонски панели, односно фотоволтаици.
Обновливите извори и зелената енергија не се само показател за нивото на еколошката свест на компаниите, туку и неопходен глобален тренд кој ја претставува иднината на производствените индустрии. Поведена од ова знаење, „Виталиа“ реши да инвестира во одржлива енергија и еколошки одговорно производство. Имплементирањето на овие современи технологии е инвестиција чија вистинска вредност ќе биде почувствувана во следните 20 - 30 години, велат од „Виталиа“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.