Македонија

„Лакталис МК“ дел од иницијативата за чистење на околината

30 сеп 2022

Веќе четврта година по ред групацијата „Лакталис“, на глобално ниво, ги вклучува своите вработени во акцијата @Let's Do It World за чистење на околината во рамките на проектот за прослава на Светскиот ден на чистењето #wcud. Цел на овој проект е чиста околина во целиот свет.

Вработените од „Лакталис МК“, првпат годинава, се вклучија во оваа инцијатива.

Во акцијата беа вклучени вкупно 52 вработени на три локации: Битола – Тумбекафе, кај авионите, Скопје во околината на Општина Илинден и Штип, на Исарот. Вкупно беше собран 800 кг отпад.

Со учеството во оваа акција се надеваме дека ќе го срушиме рекордот од минатата година кога беа собрани вкупно 53 милиони килограми отпад во 191 земја, а во целиот проект учествуваа 13,5 милиони волонтери, изјавија од „Лакталис МК“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...