Млекопроизводителите бараат зголемување на откупната цена за 70 %, револтирани од драконскиот јаз помеѓу откупната и цената на млекото во маркетите која се зголеми на над 70 денари за литар млеко.
Наместо сегашните 23 денари, млекопроизводителите очекуваат 39 денари, во спротивно велат, нема да можат да ги покријат високите трошоци за енергенсите. Производството веќе го преполовиле, а цената на млечните производи, велат, ќе продолжи вртоглаво да расте.
Се жалат дека веќе втора година државата ги остава без субвенции и најавија протести и блокади на патиштата.
Веќе втора година сме без субвенции. имаме зголемени трошоци, а цената на млекото останува иста. го преполовивме производството. Како државата ќе обезбеди млеко не знаеме, бидејќи секаде го има овој проблем, велат млекопроизводители.
Тие се жалат дека поради високата цена на храната се принудени да ги продаваат кравите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.