Македонија

Економската состојба во преработувачката индустрија е поповолна на месечно ниво

16 Sep 2022

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август во споредба со јули годинава е непроменет и изнесува 14,2, а во однос на август лани е намален за 0,8 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2022 година во споредба со претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2022 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а понеповолна во споредба со август 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2022 година изнесува 66,1 процент од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 20,1 процент, недоволната странска побарувачка со 17,3 проценти, неизвесното економско опкружување со 15,5 проценти и недоволната домашна побарувачка со 12,4 проценти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...